речник контакт

Локомотивата се уште не е поправена, патничкиот воз за и од Кочани не сообраќа

Има недостиг на превозни средства, и додека не се поправи локомотивата, нема можност да се пушти друга во сообраќај - велат од МЖ Инфраструктура

Петар Печков

Ниту после  16 дена не е пуштен во сообраќај патничкиот воз од и за Кочани. Откако на 22-ри јули  утрото, патничкиот воз излета близу железничката станица Јане Сандански, тој  не сообраќа.

За ваквата состојба реагираа патниците од Велес кој возот го користеа за патување до Скопје а попладне за враќање дома.  Од ЈП МЖ Инфраструктура, информираат дека причината е што  дизел локомотивата, се уште е на поправка.

Има недостиг на превозни средства, и додека не се поправи локомотивата, нема можност да се пушти друга во сообраќај. Се додека е на поправка, патничкиот железнички сообраќајка ќе биде во прекин. Кога ќе се оспособи веднаш ќе продолжи сообраќајот - изјавија од  ЈП МЖ Инфраструктура.

Патничкиот воз од Кочани, кој утрото патувал за Скопје,  засега од уште неутврдени причини излета од пругата и удри во метален електричен столб. Повредени патници и возен персонал немаше.

Овој воз од Кочани поаѓаше 5,26 ч. во Велес беше во 7,24 ч. а попладне од Скопје тргнуваше во 15,24 ч. а во Велес беше во 16,20ч.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »