речник контакт

Лоша инсталација, опожарен стан

Со брза интервенција на пожарната огнот е згаснат

Петар Печков

Околу пладне во центарот на градот, спроти  комплексот Чешелот пламна оган од стан на улица 8-ми септември. Со брза интервенција огнот е згаснат и причинета помала материјална штета. Пожарот е регистриран во 11,30 а локализиран во 12,10 часот.

Поради лошата електрична инсталација од фрижидерот, дојдено е до запалување на  дел од станот. Во гаснењето учествуваа шест пожарникари и две возила. Опожарен е помал дел од станот,  кујната. Ова е за жал уште еден пример дека лошата инсталација  во домовите, може да биде причина за оган –изјави Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ од Велес.

Тие веднаш и на останатите станари од зградата им поделиле флаери, како да  се чуваат становите од огнот.   По станбените згради  се делат околу пет илјади флаери, едукативен материјал за заштита од пожар во домашни услови. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »