речник контакт

Луѓето се уморија од чекање на подобра иднина, која никако да дојде - кажа Мицковски од Велес

ВМРО-ДПМНЕ во Младинскиот парк, во Амфитеатарот одржа промоција на политиките на партијата

Петар Печков

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ во Младинскиот парк, во Амфитеатарот  одржа  промоција на политиките на партијата, на која се обрати лидерот на партијата Христијан Мицковски.

„Народот е изгорен од политичари кои ветуваа се и сешто а потоа ништо од тоа не исполнуваа и  забораваа.  Луѓето се изгорени од политиката затоа што ја направија арена на нечесни и заткулисни игри, на неспособност и црни пари кои завршуваат кај ново печени богаташи, кои не се а за жал се претставуваат за некоја елита. Затоа е време за пресврт каде треба да биде победена ова реалност и да се сврти нов лист за нов почеток“ - кажа лидерот на опозицијата Мицковски.   

Тој преку писмо кое го прочита му се обрати на нивниот кандидат за градоначалник на Велес, Марко Колев.  

„Уште од првиот ден да се зафатиш со реализација на ветеното пред граѓаните. Првите проекти да не бидат минорни, безначајни, туку со најважните и најголемите. Локалната и централната власт го запоставија Велес а општината како да нема градоначалник. Заборави на канцеларијата и кожната фотелја да не биде место за одмор. Твоето место е по улиците, маалата, парковите,  меѓу народот, да решиш што е можно повеќе проблеми. Градоначалниците прераснаа во локални богови, недостапни до народот. ДУП-овите и ГУП-овите да не  се обликуваат во партиски штабови и по потреби на ново печени  бизнисмени,  туку по потреби на  граѓаните и стопанството, со зеленило. Така се создава урбана мафија, која завршува со бетонизација. Не се занимавај со рушење, туку со создавање. Луѓето се уморија од чекање на подобра  иднина, која никако да дојде. Поделбите мора да престанат. Дадениот збор е обврска, кога ќе вети човек го заложува образот. Ако тој се извалка, нема враќање. Власта ветуваше живот, но разочараа и затоа мора да се сменат, животот нема реприза“ - порача Мицковски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »