речник контакт

МВР објави дека го уапсила крадецот на храната од детската градинка

Осомничен за кражбата е М.З. (31 год) од Велес

Петар Печков

МВР објави дека го уапсило лицето за кое се сомнева дека е крадецот кој од централниот  магацинот на детската градинка ја одзеде целата резерва на храна, со која за децата се подготвуваа дневните оброци. Ограбена беше градинката клон бр. 6, лоцирана кај Стар мост. 

„На 23-ти март  во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.З.(31 год) од Велес. Тој се сомничи дека на 14-ти  март влегол во градинка на ул.„Коле Цветков“ во Велес и од магацинскиот простор одзел повеќе производи“- соопшти МВР.

М.З. бил приведен во полициска станица, а одземените производи биле пронајдени кај него и вратени на градинката. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

При кражбата сторителот го онеспособил алармот, како и видео камерите кои се наоѓаат кај магацинскиот простор. При тоа беа одземени по 100 кг масло за јадење, 100 кг брашно, шеќер, сол, ориз, грав,  кашкавал, сирење, смрзнати пилиња, од вц-то биле украдени неколку славини за вода што предизвика поплава во тие простории.

Неодамна за кратко време беше уапсено  и лицето кое ја украде касата со донации, чии средства  се користеа за подготовка на храна која се донираше за социјално ранливите категории. Истата се случи во гостилница „Боем“ а осомничено е скопјанецот Л.М. (20 год).

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »