речник контакт

МВР објави со колку пари велешанецот, кај кого беа пронајдени значајна сума денари, се обидел да ги поткупи полицајците

Поритв лицето И.Д. е поднесена кривична пријава за „давање поткуп“

Петар Печков

Велешанецот кој пред десетина дена беше уапсен оти кај него биле пронајдени значајна сума на пари, заработи кривична за давање на поткуп. Полицијата објави за колку пари  лицето се обидело да ги поткупи полицајците кои го уапсиле.

„Отсекот за економски криминал при СВР Велес поднесе кривична пријава против И.Д.(30 год ) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „давање поткуп“, казниво по член 358 од Кривичниот законик. На 13.05.2023, тој бил лишен од слобода и при движење кон Полициската станица во Велес на полициските службеници им понудил по 30.000 денари да го ослободат“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Полицијата не соопштува  колкава сума пари е пронајдена кај велешанецот, ниту дали биле девизи или денари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »