речник контакт

МВР- за возачка дозвола може да се полага и во било кој друг град, не само на подрачјето на СВР Велес

Жителите на Велес, Кавадарци, Неготино ќе причекаат уште неодредено време за да можат во овие градови да полагаат, оти посапката за распишување јавен оглас е во тек

Петар Печков

По реакцијата на жителите на Велес, кои сакаат да полагаат за возачка дозвола, дека повеќе од еден месец немаат можност, оти  комисија нема, МВР со информација за истото.

Тие порачаа дека не мора кандидатите да полагаат во Велес може и во соседните градови, Штип, Прилеп, но не соопштија кога ќе се распише тендерот, туку дека е во постапка. Овој проблем го имаат и жителите на Кавадарци, Неготино, Демир Капија.

Поради случувањата од почетокот на годината, роковите за распишување јавен оглас за избор на правно лице кое ќе врши спроведување на возачки испити со кандидати за возачи на подрачјето на СВР Велес се пролонгирани. Потенцираме дека на кандидатите за возачи не им е оневозможено да го остварат тоа право. Истите, согласно ЗБСП член 291 став 3, можат да го пријават и полагаат возачкиот испит во кој било друг испитен центар, по свој избор. Во тек е постапка за објавување на јавен оглас за избор на правно лице кое ќе ги врши овие дејности на подрачјето на СВР Велес - пишува во писмениот одговор на МВР а по поставеното прашање, кога ќе се распише тендерот .

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »