речник контакт

МЖ укинува возови

Не` сообраќа времено и Пелагонија, откако претходно беше укинат и ноќниот брз воз на истата релација од и за Битола

Петар Печков

Од петокот, по прекинот на штрајкот на железничарите, привремено нема да сообраќаат возовите бр. 543 на релација Скопје- Битола кој од Скопје поаѓа во 17.10 и бр. 540 на релација Битола - Скопје кој од Битола според возниот ред тргнува во 05.25, соопшти МЖ Транспорт.  Од Велес за Битола тој тргнуваше во 17,52 а од Велес за Скопје во  7.26ч.

Според МЖ Транспорт, временото укинување на возовите е поради тоа што по повеќедневниот прекин на железничкиот сообраќај, за вклучување на сите капацитети на возниот парк, од техничко- технолошки причини е потребен одреден временски период.

Од Божик времено се укинати и ноќните возови од Скопје за Битола и обратно, кои  од Скопје тргнуваше во 1.35 а до Битола во  21.00 ч.  Од Велес за Скопје возеше  во 23.07 додека од Велес за Битола во  2.15  ч. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »