речник контакт

МОН не го послуша Советот на Општина Велес и распиша нов конкурс за прием на ученици во прва година во Гимназија, со различен број паралелки од бараните на локалната власт

Наспроти реакцијата и барањето од Советот да се почитува ставот на локалната власт, МОН не ги послуша

Петар Печков

Министерството за образование го распиша изменетиот конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2024/2025 година, за Гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес. Наспроти реакцијата и барањето од Советот да се почитува ставот на локалната власт, МОН не ги послуша.

Иако Општина Велес како основач на Гимназијата бара 4 паралелки на македонски, една билингвална и една на албански, Министерството распиша конкурс за три на македонски јазик, една билингвална и две на албански јази.

По ова следеше реакција на Советот  на Општина Велес, па МОН распиша изменет конкурс. Со него  во прва година ќе се запишат 238 ученици во 7 паралелки -136 ученици во 4 паралелки со настава на македонски јазик и 68 ученици во 2 паралелки со настава на албански јазик  и една  македонско - англиска билингвална паралелка со 34 ученици.  

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »