речник контакт

МОТ со една претстава во Велес

На 19-ти септември ќе се прикаже ,,Злосторство на 21 век,, на Милчин

Петар Печков

Во рамките на реномираниот театарски фестивал, со регионално значење,, Млад отворен театар,, МОТ во Велес ќе биде прикажана една претстава, која е во рамките на програмата на оваа престижна манифестација. 

Ќе се одигра  ,,Злосторство на 21 век,, од англискиот писател Едвард Бонд а во режија на  Владимир Милчин.  Терминот за одигрување е 19-ти септември со почеток во 20 ч.   

Во претставата играат: Маја Љутков, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски и Талија Настова. Сценографијата е на Крсте Џидров, костимографијата ана Марија Пупучевска, музиката на Марјан Нечак.

,,Злосторство  на 21 век,, ја имаше премиерата на сцената на велешки театар на 16 мај се одигра и на 18-ти.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »