речник контакт

Магацините полни со масло за јадење, рафтовите во продавниците празни

Повеќе од 500 тони пакувано масло за јадење на велешка Малсодајна е подготвено да се најде во продажба, но интересот за него е мал

Петар Печков

Магацините на велешка Маслодајна се полни со масло за јадење, додека полиците во маркетите се празни, зејтин нема. Таква е состојбата во Скопје, Битола и други градови од земјава. Повеќе од 500 тони  пакувано масло за јадење е подготвено да се најде во продажба, но интересот за него е мал. 

Ваквата незаинтересираност  доаѓа откако државата се откажа од нејзината добивка -ДДВ, но ги ограничи и трговците да немаат маржа на овој основен продукт, заедно со брашното тип-400.

„Имаме  доволно залихи на масло за јадење. Ние како најголем производител од сончоглед, се обезбедивме и не сме зависни од увоз во овој период.   Граѓаните не треба да имаат загриженост, ние работиме тековно и ги задоволуваме потребите на пазарот. Секој трговец кој ќе се обрати може да набави масло за јадење, секој ден. Не трчаме да обезбедиме рафинирано масло.  Не чекаме Србија или друга држава да дозволи извоз на сурово масло. Без разлика дали ќе се дозволи, ние имаме доволно количини да ги задоволиме потребите на македонскиот пазар“ - кажа Горан Лазов, генерален директор на Маслодајна.

Тие како фабрика работат четири години наназад за враќање на сончогледот но и  маслодајната репка по македонските полиња, за да имаат суровина за работа. Гарантираат откуп, обезбедуваат семенски  материјал, помош за ѓубриво. Но сепак се зависни од увоз на сончогледот.

„Потрошувачите мора да знаат дека кризата нема да заврши за месец -два, туку ќе трае подолго време. Се однесува на висината на цената на маслото за јадење. Таа во блиска иднина нема да падне.  Ако се стабилизира на оваа, постојаната цена, ќе биде добро“ - вели Лазов.

Велешкиот производител, единствен во земјава откупува и произведува масло од сончоглед. За жал поради малкуте засеани површини, лани есената беа откупени само 4 илјади тони домашен, сончоглед, со кој може да се задоволат барањата на пазарот за еден месец.  За задоволување на потребите на пазарот во  Македонија за една година потребни се најмалку 50 илјади тони сончоглед. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »