речник контакт

Магијата на првата кривина

Има многу кривини со познати имиња во Ф1 трките, како што е Параболика на Монца или Бекетс на Силверстоун. Но тоа не се единствените кривини кои можат да решат трка; На секоја патека има една кривина на која и возачите и најголем дел од публиката, обрнуваат најголемо внимание. Тоа е првата кривина

lj lkjl

Има многу кривини со познати имиња во Ф1 трките, како што е Параболика на Монца или Бекетс на Силверстоун. Но тоа не се единствените кривини кои можат да решат трка; На секоја патека има една кривина на која и возачите и најголем дел од публиката, обрнуваат најголемо внимание. Тоа е првата кривина! Борбата за првата кривина е многу куса. По сигналот за старт, возачите имаат само неколку секунди да се позиционираат некаде меѓу 22-те коли кои летаат кон иглените уши на крајот од стартно-целната рамнина. За нив, влогот е огромен. „Многу е полесно да го поправиш или расипеш пласманот на стартот отколку за време на остатокот од трката“, вели техничкиот директор на Вилијамс, Сем Мајкл, „и затоа едно е мотото на возачите пред првиот свијок: погледот напред и гаста до штица.“ Ова е полесно да се каже одошто да се исполни на германското Гран При во Хокенхајмринг. Се разбира, секој возач се обидува во идеална линија да му пристапи на првиот свијок, што по правило е многу тесен коридор во кој има место само за еден болид. Затоа возачите треба целосно да се концентрираат на совршено позиционирање и точка на кочење, истовремено гледајќи што се случува пред и до нив. По некој поглед во ретровизорите исто така не е на одмет затоа што во тие неколку екстремни секунди, едно е јасно: и најмалата грешка не само што може комплетно да ги уништи сопствените шанси, туку и шансите на околните тимски колеги и противници. За да ги задржат нервите во оваа исклучителна ситуација, возачите мораат да бидат во совршена физичка и ментална форма. Во ниту една друга фаза од трката притисокот не е толку голем, ниту пак обемот на информации што треба да се апсорбираат и процесираат во исто време. Благодарение на концентрацијата и тренингот, возачите пред стартот на трката го држат пулсот на околу 130 удари во минута. Кога ќе полетаат кон првиот свијок, тој се качува до 180. Во такви стресни услови, нормален возач лесно би доживеал циркулаторен колапс. Борбата за првиот свијок е еден од највозбудливите моменти во секоја Ф1 трка. Секоја патека е различна и битно е да се анализира идеалната траекторија низ првиот свијок. Сем Мајкл ги предупредува своите возачи пред секоја трка да бидат особено внимателни во првиот свијок иако ним тоа им е совршено јасно. Сепак, искуствата покажуваат дека „чистото излегување од првиот свијок бара и умешност и среќа.“ Бидејќи кошкањето е неизбежно во борбите пред првата кривина, ФИА има доста направено за превентива од сериозни последици за возачите и гледачите. Имплементацијата на широките зони вон патеката гарантираат поголема безбедност на стартот, исто како и забраната за нагло менување „лента“ на стартно/целната рамнина. Во превод ова второво значи дека предниот болид на стартно/целната рамнина има право само еднаш да му пресече пат на болидот што одзади му ја загрозува позицијата. За непочитување, јасно, следуваат 10 секунди казна или дискфалификација.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »