речник контакт

Македонецот Лестер победи на Бугарското Биг Брадер

Никола Настевски за искуствата во двете реални шоу програми, во Србија и Бугарија

Петар Печков

 Реално шоу, како концепт и идеја, ти ја погодија мерата, и еве си, како победник на бугарскиот „Биг брадер“. Веројатно искреноста со која настапуваш не познава ниту граници ниту јазик, па не важеше правило дека си гостин на туѓ терен, згора на се Македонец во Бугарија. И пред сето тоа - како ти успеваше да бидеш искрен покрај сите камери одоколу?

Да, ми ја погодиле мерата со тоа што принципот на работа, организација и идејата што ја имаа смислено во овој бугарски „Биг брадер“ ми одговараше, но и јас сум таков, лесно се приспособувам на секакви луѓе. Тоа е тајната формула за победа, да не дозволиш да те изнервираат, да бидеш искрен и да не се заморуваш многу кој што направил. За мене коментираа дека се однесувам како да ме пратиле на екскурзија, така и се чувствував, а тоа другите ги нервираше. Инаку, никогаш не сум ги делел луѓето по нација, изглед или јазик. Важно е да не заборавиш дека си човек. Во Бугарија оваа победа беше вистински бум. Не верував дека може толку да се прославиш со едно реално шоу, но тоа е инстант- слава. Камери во куќата? На нив навикнав, тие пречат затоа што не можеш да си ги покажеш сите свои чувства. Тоа го знаат оние што биле во куќата на Големиот брат.

На што прво се сеќаваш кога ќе помислиш на бугарското реално шоу? Веројатно стекна нови пријателства, искуства...

„Биг брадер“ е како детски сон. Се сеќавам на многуте смешни ситуации што ги имавме, на нашите дружења до утро и многу пријатели со кои си нонстоп заедно. За неколку дена повторно одам во Бугарија и учесниците веќе се подготвени да продолжиме со нашите дружења и надвор од куќата.

Спореди ги српското и бугарското реално шоу? Каде имаат повеќе предрасуди, каде се посрамежливи? Каде беше покреативно?

Споредба можам да направам по тоа што во српскиот „ББ“ бев 104 дена и ми беше малку потешко. И денес одржувам контакти со многумина од Србија и Хрватска, живеев година и пол во Загреб, а со Никола крвно се побратимивме. Во бугарскиот, „ВИП ББ“ бев еден месец и брзо ми заврши. Бугарскиот „ББ“ беше поемотивен, имаше чувства, ама и двете учества за мене се прекрасни искуства. Инаку, посрамежливи беа девојките во бугарскиот „ББ“, а по излегувањето од куќата се' беше обратно. Бугарките се многу поолабавени и либерални.

Тебе реалните шоуа ти овозможија да излезеш од анонимноста. Те препознаваат ли луѓето и кои им се коментарите? Може ли преку реално шоу во денешно време да се стане ѕвезда?

До некаде добро е да излезеш од анонимноста, но некогаш и тоа ти создава пресинг. Среќа е што кај нас, во Македонија, тоа не го доживуваат како некоја голема работа, па и јас живеам нормално, за разлика од другите држави што ме гледаат како некоја ѕвезда. Веќе реков, сето тоа е со кус век на траење.

Од она што прочитав во весниците - во шоуто си зборувал дека дедо ти бил војник во Бугарија. Мислиш ли дека тоа беше пресудно за победа?

Постоеше една игра каде што сите бевме бугарска војска и во тој контекст зборував дека дедо ми бил бугарски војник, но никогаш не се чувствувал како Бугарин, ниту, пак, дека јас така се чувствувам. Тоа погрешно го пренесоа кај нас. Можеби за победата беше важно да видат дека не сум некој националист и дека не се срамам и да го спомнам тоа.

За крај - како ја планираш иднината, ќе се пријавуваш ли во реални шоу и понатаму или имаш други амбиции - глума, водител...

Ценам спонтаност, тоа ми е убаво. Добив интересни понуди, но не морам да брзам со одлуките. Добро ќе размислам за следниот чекор.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »