речник контакт

Македонистот Горан Калоѓера, го промовира Велес во Хрватска

Тој е добитник на 9-то Ноемвриската награда на Велес, на Почесното Рациново признание за ширење на македонската култура надвор од границите на земјава и почесен конзул на Република Македонија во Република Хрватска

Петар Печков

 На 250 страници хрватскиот академик, македонистот Горан Калоѓера го собра најсуштественото и најзначајното од македонската култура и литература во 19-тиoт век. Токму така е насловена неговата најнова книга,,Македонија во 19-тиот век,, која  ја промовираше во Велес, откако го доби највисокото општинско признание 9-ти Ноември. Тој е роден на Корчула пред 61 година, но како и неговиот сограѓанин Марко Поло сака да открива. Калоѓера преку неговиот професор од студентските денови во Загреб Кепески,  ја открива македонската литература и книжевност, ја засакува Македонија а преку неа и велешките автори. Има издадено триесетина книги, од кои половината се посветени на Македонија, нејзините културни творци.

  Деветнаесеттиот век е круцијален за македонската култура и политика. Се што потоа, подоцна се случува  започнало во овој 19 век, борбата за јазик, за црква, за држава. Затоа може да се рече, без оглед што Македонија немала тогаш нормиран книжевен јазик, но низ говорите и наречјата нашла пат кон својот литературен  јазик, кој уште тогаш се темелел на централните говори во земјата. Треба да се каже дека благодарејќи  на велешките автори Јордан Хаџи Константинов Џинот, Рајко Жинзифов македонската литература ги имала сите книжевни форми, кои биле застапени и во  развиените Европските школи  руската, француската англиската. Во Македонија за жал недоволно храбро се проучуваат  и ги вреднуваат книжевните автори од 19 век. Токму затоа треба да се каже дека луѓето кои работеле, пишувале во 19-тиот век, не биле полуписмени, безначајни учители, туку врвни интелектуалци на своето време, кои пишувале патописи, новели, романи, истите тие форми што биле присутни преку големите литературни школи. За вистина не на македонски литературен јазик, кој подоцна бил нормиран, но на говорот кој бил користен во Македонија – вели  Горан Калоѓера за неговото најново дело.

   Неговата поврзаност со Македонија започнува 1982 година кога во Риека на тамошниот Универзитет се формира катедра за македонска книжевност и литература при Педагошкиот факултет, го пријавува неговата сопруга Бранка оти тој додека студирал во Загреб учел македонски јазик кај проф. Кепески.  Калоѓера комплетно го има истражено живото на Рацин во Хрватска за што има издадено и книга.   Рацин е само еден од авторите кои ја потврдуваат  близината меѓу  хрватските и македонските автори, соработката  што  константно се одвивала.

 Книжевната  соработката започнува уште од времето на создавањето на глаголицата кое било доста силно во Приморско Горанската регија, на Кварнерските острови. Потоа следи печатењето на,,Зборникот,, на Браќата Миладиновци под патронат на мецената  Штросмаер. Во 19-тиот век доаѓа до силна културна соработка, која произлегла од тогашната политичка сцена, кога  тие партии, пред се ,,правашите,, силно ја поддржувале самостојноста на Македонија -потенцира Калоѓера.

Тој заедно со негов поранешен студент, сега книжевен автор дошле до податок дека  Македонецот Андреја Петкович, роден во  велешко Башино село кој  завршил во Санкт Петерсбург,  работел како руски  царски конзул во Риека цели 20 година, не како што македонската историја забележала само две. Тој бил голем донатор, близок со народот, па ја пронашле неговата куќа каде живеел и работел и оваа пролет на неа е закачена спомен плоча на хрватски и македонски во чест на  Андреја Петкович. Калоѓера е и професор на  Риечкиот  лекторат кој   има најголем број студени македонисти

Овој лекторат е отворен пред пет години и таму  за овој период настава слушале 1450 риечки студенти,не само  студенти на хрватска литература туку и правници,психолози, педагози, англисти. Постои голем интерес за овие наши предавања, се учи  македонски јазик почетен и среден курс, македонска книжевност во 18-ти и 19-ти век  и македонската литература во 20-тиот век. Од оваа есен имаме и нова понуда македонскиот роман во 20-тиот век  а есенва овие предмети ги слушаат 96 студенти.  Тоа е голема бројка- вели Горан Калоѓера.  

Тој е добитник и на Почесното Рациново признание за ширење на македонската култура надвор од границите на земјава и  почесен конзул на република Македонија во Република Хрватска .

Тоа е почест, од која јас немам ништо. Јас се што работам го правам оти ја сакам Македонија и Македонците. Во неколку наврати имам побарано до Министерството за надворешни работи некои нешта да се променат, случат но ништо од тоа. Мојата работа за жал е само мртво слово на хартија вели Калоѓара барајќи поголема соработка со МНР.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »