речник контакт

Македонија од година во година го зголемува извозот на вино, кажа премиерот Ковачевски на одбележувањето на Св. Трифун

Во Македонија има регистрирани 164 винарски визби, од кои 87 се семејни а 77 се правни лица, регистрирани како производители на вино.

Петар Печков

На празникот на лозарите Св. Трифун, Владата се пофали дека од година во година се бележи раст на извозот на флаширано вино. Со ова се јакнела домашната економија преку девизниот прилив.  

„Квалитетот на нашето вино е препознаен во светот, за што, освен убавите зборови, зборуваат и бројните награди и нагорниот тренд во извозот на вино. Минатата 2022 година, вкупниот извоз на вино достигна рекордни 58 милиони евра, што е за скоро 9 милиони евра зголемување во однос на извозот од 2021 година. Со порастот на извоз, веќе трета година по ред бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија“ - кажа премиерот Димитар Ковачевски.

Се најави и финансиска помош за малите семејни винарии   со  грант од 10.000 евра, државна помош да инвестираат во своите бизниси, а дополнително, за прв пат се помагаат и малите дестилерии со грант од 5.000 евра. Министерот за земјоделие Љупчо Николовски најави и нов закон за вино, кој што денес бил пуштен во владина   постапка.  Со желби за добра родна година, добри откупни цени и добри временски услови за одгледување, лозарите си го честитаа Св. Трифун. 

„Посакуваме оваа година да биде успешна, бериќетна, плодна. Се надеваме  како мали семејни винарии во иднина да бидеме главниот столб во винарството во Македонија.  Ние сме тие кои ја негуваме и продолжуваме македонската традиција“ - кажа  Горан Јаковлевски, претседател на Здружениот Тиквешки семејни винарии, кое опфаќа 60 винарии и десетина производители на ракија.  

Во Македонија   има  регистрирани 164 винарски визби, од кои 87 се семејни а 77 се правни лица, регистрирани како производители на вино. Само во регионот на Тиквеш, како најголемиот производител на грозје во земјава,  околу три илјади лозари живеат од оваа култура.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »