речник контакт

Македонија ќе добие пластични пари од 10 и од 50 денари

Банкнотите од 10 и од 50 денари беа најупотребувани во платниот промет, поради што најбрзо и се уништуваа

Петар Печков

До крајот на годината треба да се појават пластични пари од 10 и од 50 денари, објави Народна банка на Македонија, НБРМ.

Според НБРМ, овие пари тешко се оштетуваат и тешко се фалсификуваат.

„Банкнотите од 10 и од 50 денари беа најупотребувани во платниот промет, поради што најбрзо и се уништуваа. За да се намалат трошоците за нивното често печатење, тие се заменија со ковани. Замената, според анализите, се покажа како исплатлива, затоа што кованите пари имаат подолг рок на траење од книжните. Но, на пазарот ситуацијата беше поинаква. Кованите пари исчезнуваа, не се враќаа во оптек бидејќи граѓаните немаат однос кон нив како кон книжните банкноти и често ги губеа“, велат од НБРМ.

Народната банка за оваа цел објави оглас на Електронскиот систем за јавни набавки за договор, со проценета вредност од околу 2 милиона евра.

Критериум за добивање на договорот е најниска цена. Тој е во времетраење од една година.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »