речник контакт

Македонската комедија „Те дуа, жити мене“ премиeрно во 3Д Киноверзум (видео)

Премиери и на хоророт „Сложувалка на стравот Х“ и СФ „Творецот“, како и анимираниот „Патролни шепи: моќен филм“

Петар Печков

Од денес  на репертоарот четири премиери во 3Д киноверзум.  

Македонската комедија „Те дуа, жити мене“   за маалски џанак, коцкар и хармоникаш , кои  трудејќи се да ја вратат назад купената жена од Албанија стануваат дел од мафијашка зделка и мораат да се справат со низа на несекојдневни ликови.

Премиера и на хорор трилерот „Сложувалка на стравот Х“. Во потрага по процедура која ќе го излечи неговиот рак, Џон Крејмер се упатува кон Мексико за да се подложи на експерименталната терапија, за да открие дека бил жртва на измама. Но сега измамниците стануваат плен во неговата нова игра на живот и смрт.

Третата премиера е СФ „Творецот“.  Пост-апокалиптичен трилер за иднината под влијание на војна меѓу луѓето и вештачката интелегенција.Филм кој со нетрпение се очекува за борбата на луѓето и вештачката интелегаенција.

„Платеници 4„ акционен филм со Сталоне, Статам, 50 сент, Лундгрем, Гарсија..  Платениците се здружуваат против трговец на оружје кој има масовна приватна војска под свое водство. Вооружени со секое можно оружје, платениците се последната линија на одбрана во светот. Филмот е на репертоарот се до среда во вечерниот термин.

Анимираниот филм „Патролни шепи: моќен филм“ е исто така пред кино публиката.   канадски компјутерски анимиран суперхеројски филм од 2023 година заснован на телевизиската серија PAW Patrol.

Анимираниот „Супер Марио“ја следи приказната за Супер Марио и Луиџи и нивното патување низ Кралството на Печурките.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »