речник контакт

Македонската премиера на филмот „Најголемата вистина 2 дел“ ќе ја има во четврток вечер во Велес, во 3Д киноверзум (видео)

По успехот на првиот дел, филмот „Најголемата вистина“ добива продолжение

Петар Печков

Македонскиот филм „Најголемата вистина“ во режија на Мартин Цветковски, добива продолжение кое премиера пред гледачите ќе има во Велес, во 3Д киноверзум и тоа утре вечер, четврток 30 ноември. Потоа премиерата е во Штип, на  1 декември во Штип (Киноверзум),  на 2 декември  во Св. Николе (Киноверзум) и на 15 декември во Скопје во Кино Милениум!

Во првиот дел, дознавме дека убиецот односно убијците се всушност самиот Максим Анчевски, и Ана Филиповска (Шефот на форензика) која всушност со сменето презиме (Анчевска) е сестра на Максим, и тоа бил нивниот маестрален план за одмазда затоа што како мало девојче – Ана била силувана од таткото на Горан Цветановски (колегата на Максим), а случајот го заташкуваат родителите на Фросина (адвокат), Драгана (судија) и Мартина(социјален работник) како носители на функции во процесот (Судија, Адвокат, и работник од Центар за Социјални работ- Скопје).

Но на крајот од филмот, иако помисливме дека целата вистина е откриена, останаа да лебдат во воздух уште повеќе прашања и мистерии особено во последната сцена кога Максим Анчевски иако призна дека е одговорен за убиствата заедно со сестра му Ана, во разговор со Марија Ѓоргиевска, тврди дека тој не е извршителот на убиствата и дека целата вистина сеуште не е откриена: –Кој е мозокот на целокупниот план? Кој е извршителот на убиствата ако не е Максим, бидејќи Ана физички не е доволно силна да ги изврши убиствата на жрвите? И најважното од се – каде е таткото на Максим и Ана ?

Улогите се на  Мартин Цветковски, Ивана Наумова, Иван Левковски, Катерина Илиевска, Анета Цветановска, Ибрахим Сали, Фросина Стојановска, Ивана Цековска, Џелал Фера, Кенан Јусуфи и Тамара Најдановска. Продуцент режија и сценарио се на  Мартин Цветковски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »