речник контакт

Македонски изворни народни песни

Ексклузивното 6-кратно цеде издание \"Антологија на македонската чалгија\" тукушто го издаде \"Македон мјузик\".

Аница Солева

Обемното издание содржи сто и дваесет изворни народни песни што се изведени во автентичен, архаичен чалгаџиски манир. Песните ги исполнуваат Скопски чалгаџии под водство на Хусрев Саид заедно со многу наши познати и признати мајстори на народната музика. Во \"Антологија на македонската чалгија\" пеат Наум Петрески, Виолета Томовска, Сузана Спасовска, Круме Спасовски, Виданка Георгиева, Дуско Георгиевски, Маргица Антевска, Кристина Арнаудова и неколку други. Уметнички директор на проектот е Венко Серафимов, кој вчера ни изјави:\"Оваа наша заоставштина низ вековите којашто помалку или повеќе секој од нас што се занимава со музика или уметност го задолжила како вечна инспирација, верувам дека заслужила да ја возобновиме во нејзината чиста архаична форма. Ова е издание коешто сигурно не подложи на никаков моментален тренд или афинитет на времето и верувам дека ќе не надживее бидејќи екипата од 32 луѓе што го работеше даде се од себе да го направи онакво какво што е\". \"Антологија на македонската чалгија\" ќе се продава низ цела Македонија по цена од 1000 денари. Цедето наесен ќе има концертна промоција и ќе добие видео запис со детали од изведбата на проектот. Извор: [url=www.culture.mt.net.mk/story_mk.asp?id=14314&rub=44]www.culture.mt.net.mk[/url]

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »