речник контакт

Македонскиот игран филм „Преекспонирано“ пред велешката кино публика (видео)

За децата премиера на рускиот цртан филм „Мачки во музеј“

Петар Печков

Оваа седмица две филмски премиери  и други четири филмови на тековниот репертоар на 3Д киноверзум во Велес.

Од денес, четврток публиката може да го гледа македонскиот игран филм „Преекспонирано“. Ова е прв филм на  Елеонора Венинова  која е режисерка и сценаристка. Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка, откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.Улогите ги толкуваат Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска и Марјан Наумов.  Филмот ќе биде приокажан уште во петок, недела и среда. 

Денес, сабота и среда се прикажува американскиот хорор филм „Злото мртвите ги воскреснува“. Извртена приказна за две отуѓени сестри чие што повторно обединување е прекинато поради подемот на демони кои ги опседнуваат, втурнувајќи ги во битка за опстанок додека се соочуваат со најкошмарната верзија на семејство што може да се замисли. Трајлерот може да предизвика вознемирување.

Xорор комедијата „Ренфилд“ се прикажува петок. Ренфилд (Николас Хoлт) одлучува да ја напушти својата повеќе вековна работа како служител на грофот Дракула (Николас Кејџ). Тој наоѓа нова можност за живот во денешниот Њу Орлеанс кога ќе се заљуби во жестока, но постојано агресивна сообраќајна полицајка по име Ребека Квинси (Авквафина). 

Хоророт  трилерот, „Егзорцизмот на Папата“  со Расел Кроу, ќе се прикажува сабота, понеделник и среда. Главниот јунак,  како егзорцист треба да го испита случајот со опседнатоста  на едно дете  и   случајно открива повеќевековна тајна што Ватикан очајно се труди да ја крие.    Ќе се прикажува вторник. 

Најгледаниот филм во светот изминате три недели е  „Супер Марио Брос филм“, работен според истоимената видео игра. Филмот е голем хит и во САД и во светот, се приближува ан зарботка од милјарда доалри. Се прикажува сабота, недела и вторник. Ја следи приказната за Супер Марио и Луиџи и нивното патување низ Кралството на Печурките. 

Нов филм, премиера е рускиот цртан филм „Мачки во музјеот“ кој ќе се прикажува сабота и недела. Додека се обидуваат да избегаат од претстојната поплава, младиот мачор Винсент и неговиот нов пријател, глувчето Морис, се кријат во старото пијано. Кога инструментот ненадејно ќе заврши во музејот, Винсент се среќава со елитен тим мачки кои со години ги штитат ремек-делата од глодари и други штетници. Иако со години сонува да најде вистинско мачкино семејство и копнее по чувство на припадност, тој не сака да го загуби својот пријател кој му го спасил животот, па Винсент е принуден да го скрие Морис. Сепак, глувчето има една слабост, а тоа е што сака да ги гризе најпознатите музејски ремек-дела.

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »