речник контакт

Македонскиот јазик официјален во Војводинска општина

Ова е првпат македонскиот јазик да биде прогласен за официјален надвор од Република Македонија.Општината е Пладниште, каде 11 отсто од жителите се Македонци

Петар Печков

Гестот на политичка добра волја од страна на српската општина Пландиште, со кој македонскиот јазик беше прогласен за официјален јазик во таа јурисдикција, е поздравен од граѓаните и властите.

Ова е првпат македонскиот јазик да биде прогласен за официјален надвор од Република Македонија, рече за SETimes SETimesДушан Јаневски, претседател на месниот одбор на Демократската партија на Македонците во Качарево, Србија.

Овој чин ги зајакнува пријателските односи меѓу Македонија и Србија и е особено значаен во поглед на обидот на две други држави да го негираат македонскиот етникум и јазик“, рече Јаневски.

Српскиот закон предвидува дека јазикот на националното малцинство може да стане официјален ако малцинската група сочинува 15 отсто од населението во општината.

Во Пландиште, кој се наоѓа во српската покраина Војводина, Македонците сочинуваат 11 отсто од населението.

Не е забрането да се прогласи еден јазик за официјален ако процентот е помал. Не сакавме да чекаме. Македонската заедница тука е значајна и е важно да им се покаже почит“, рече за SETimesРаде Класња, претседател на собранието на општина Пландиште.

Гестот е пример за тоа како Србија се грижи за своите граѓани, без оглед на националноста или религијата, според Милан Салаковиќ, претседател на општина Пландиште.

Зошто на Македонците да не им биде признаен и рамноправен јазикот како и на сите други, особено бидејќи се лојални граѓани на оваа земја“, рече Салаковиќ.

Разни малцински јазици – унгарски, словачки, романски, хрватски, рутенски, чешки, бугарски и црногорски – се официјални јазици во многу општини во Србија.

Претставниците на македонскиот национален совет во Србија велат дека односите со регионалната власт во Војводина и институциите се одлични.

Оваа одлука е, исто така, јасен сигнал за локалната власт во Панчево, Вршац и други места каде што живеат Македонци, да обрнат внимание на позитивниот пример на Пландиште“, рече за SETimesБорче Величковски, претседател на националниот совет на македонското малцинство во Србија.

Според пописот во 2011 година, 22.300 граѓани во Србија се Македонци.Величковски рече дека Македонците во Србија ги добиваат своите права – и одговорности – од многу закони, но посебно од Законот за националните совети.

„Овој закон предвидува дека малцинскиот национален совет во општините каде што нивниот јазик е во официјална употреба може да учествува во поставувањето директори или членови на одбори во училиштата, културните и други институции, како и да бира еден член на советот“, рече Величковски.

Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија, Босна и Херцеговина (БиХ) и Македонија ја потпишаа Европската повелба за регионални или малцински јазици, која беше усвоена од страна на Советот на Европа во 1992 година. Повелбата ја гарантира поддршката на државата за користење на регионалните малцински јазици во приватниот и јавниот живот.

Македонија им даде официјален статус на албанскиот, турскиот, ромскиот, влашкиот, српскиот и босанскиот јазик, во општините каде што малцинствата претставуваат 20 отсто од населението.

 текстот е преземен од Southeast European Times

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »