речник контакт

Македонските кајакари јуниори, петти во Европа на ЕП во кајак слалом на диви води

Петрушев обезбеди пласман во полуфиналето со четврто време од квалификациите

Петар Печков

Македонските кајакари на Европското првенство за младинци слалом, во јуниорска конкуренција го освоија петтото место, меѓу 15-те држави учеснички. Тие  попладневно веслаа во  дисциплината 3хК-1 во состав Петрушев, Рибарски и Игнатов, сите тројца велешани. Европски јуниорски прваци станаа Словенците, пред Германците и Италијаните.

Претпладнево Ангелче Петрушев одлично веслаше во квалификациите на Европското првенство во кајак на диви води , слалом за јуниори. Тој во дисциплината К-1 уште по првата трака се пласираше во полуфиналето, со  четврто постигнато време.  Во првата трка веслаа 51 учесник.

Во квалификациите настапија  уште двајца македонски репрезентативци, велешаните Стефан Рибарски и Коце Игнатов. Во првата трка Стефан Рибарски беше 23-ти а во втората  беше 13-ти.  Додека Коце  Игнатов во првата трка беше 42 а во втората  беше 18-ти . Во оваа трка учествуваа 31 натпреварувач.

На Европското првенство веслаше и единствената девојка, македонска репрезентативка кај јуниорите. Олгица Мелова од Демир Капија. Во првата трка од 34 учеснички таа беше 28 а во втора трка  беше 18-та од 20 учеснички..

Европското првенство за јуниори и У23 се одржува во Чешка на патеката Чешке Будијовице. Петрушев полуфинале ќе весла в сабота претпладне а неговиот настап според саатницата е во 10,34ч. Од 30 учесници, 10 се пласираат во финале.

 фото ЕП Чешке Будијовице

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »