речник контакт

Мало мовче е во темница оти се уништуваат канделабрите и се крадат светилките и каблите

Светилкиите биле неколку пати менувани, но секогаш имаат ист крај, се крадат или уништуваат

Петар Печков

Една од темните точки во централното градско подрачје е неосветленото Мало мовче. Зошто состојбата со него е таква, праша на седницата како советничко прашање нејзиниот член Игор Смилев.

Одговорот од градоначалникот Марко Колев, беше дека тие преземат се за да работи светлото, но неодговорни граѓани го оштетуваат.

„Неколку пати го имаме менувани светлото, канделабрите. По некој ден, некое време, ги нема оштетени се, искршени. Претпоставувам дека на него нема таква фреквенција, како на другите мостови, некои неодговорни сограѓани ги оштетуваат јавните инсталации.  Ги поправаме, но по ден, два пак се искршени, оштетени“  - кажа градоначалникот Колев.

Но освен што светилките и канделабрите се оштетени, се крадат и каблите. Иако тоа е опасно по живот, некои вешто го прават и ја оштетуваат инсталацијата. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »