речник контакт

Малолетна Србинка пријавена за исчезната, пронајдена во Велес

Детето имало намера да се мажи, за исто така малолетник

Петар Печков

Понеделникот вечер, во дом кај велешанка, била пронајденo девојче, која во Република Cрбија се водела како исчезната. Полицијата ја предала на Центарот за социјални работи и започнала постапка за враќање дома. 

„На 07.07.2025 околу 22 часот, постапувајќи по барање на Интерпол-Србија за исчезната 15- годишна малолетничка од Република Србија, пријавена во Р.Србија, полициски службеници од СВР Велес ја пронајдоа малолетничката во домот на 30-годишната Р.Д. од Велес. Во присуство на социјален работник од Центарот за социјални работи Велес, извршен е разговор со малолетничката, која рекла дека доброволно е дојдена во Велес, со намера да се омажи со малолетник од Велес“ – информираше Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
 
За настанот бил известен јавен обвинител,  малолетничката е предадена на Центарот за социјални работи Велес, за понатамошно постапување и враќање кај родителите.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »