речник контакт

Малолетник од 15 години ги прободел со нож момчињата во дворот на ОУ Васил Главинов

Сторителот е брат на девојката која пред три месеци си го одзеде животот со службен полициски пиштол. Во јавноста дилема се знае ли кој дели правда во градот

Петар Печков

Велешката полиција ги идентификува напаѓачите кои изминатиот викенд со нож прободеа две момчиња во дворот на ОУ Васил Главинов.

Против сите нив се поднесени кривични пријави а напаѓачот кој ги прободе момчињата е малолетник.  Е.Џ. (15) , заедно со Е.Ш. (23) , С.М. (27) сите тројца од село Согле и М.З. (18) од село Теово кои се осомничени дека без повод и причина ги нападнале момчињата. Против истите ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело, за прво пријавениот  Е.Џ.  заработи кривична пријава за тешка телесна повреда а  неговите другари Е.Ш. С.М. и М.З за учество во тепачка каде настапила тешка телесна повреда.

Нападот бил изведен без повод и причина, откако критичната ноќ  петокот, околу 01,40 часот по полноќ осомничените заедно со уште неколку други лица се движеле со патнички автомобил и сопреле во близина на училиштето. Таму започнале меѓусебна расправија, за да потоа без никаков повод и причина  започнат вербална расправија со оштетените, кои седеле  во училишниот двор, по што, осомничените ја прескокнале оградата и физички ги нападнале оштетените, удирајќи ги со раце и нозе во пределот на главите и телата. 

Во еден момент прво осомничениот Е.Џ. брат на девојката  која пред три месеци си го одзеде животот со службен полициски пиштол,  со ладно оружје - нож ги нападнал оштетените В.П и Д.З.  при што со нож ги прободел  во пределот на грбот,а вториот од ќотекот добил и скршеница на клучната коска. Сторителот Е.Џ. избегал а ножот според негови зборови го фрлил во Вардар.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »