речник контакт

Малолетник се обидел да обљуби девојче

Настанот се случил во велешко село

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, четврток, во велешката полиција мајка пријавила дека малолетник се обидел да ја обљуби нејзината малолетна ќерка. Полицијата не соопштува во кое село се случил настанот, за да го заштити идентитетот на девојчето.

Четвртокот  5-ти септември,   окoлу 13.50 часот во СВР Велес, 36-годишна жена од велешко село пријавила дека околу 13  часот во селото 17-годишен малолетник се обидел да изврши обљуба врз нејзината малолетна ќерка, но не успеал. За настанот е известен Јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес. 17-годишникот е приведен и задржан по полициска станица- соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Полицијата  работи на расчистување на случајот.

 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »