речник контакт

Малолетничка пријавила дека нејзин роднина извршил обљуба врз неа

Настанот се случил додека велешанецот бил на викенд а издржувал казна затвор

Петар Печков

СВР Велес информираше за пријава од дете , дека врз неа е извршена обљуба од нејзин роднина.

„На 14.08.2023 околу 15.45 часот во ОВР Кавадарци, малолетничка од Кавадарци пријавила дека нејзин роднина А.М.(25 год) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа. А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

По целосно документирање на случајот против лицето,  ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »