речник контакт

Малтретираното десетгодишно дете, не му било прв пат да биде згрижено во Болница

Детето било гладно, босо и натепано

Петар Печков

Детето кое во саботата попладне беше пронајдено босо, гладно и натепано, е згрижено од Центарот за социјални грижи, во загрижувачко семејство.  Откако детето било пронајдено на улица во Велес, било префрлено во велешката Болница.

„Саботата попладне е донесено дете на детското одделение. Кај истото имало драсканици и гребаници на лицето и  телото, како и модринки од удари по лицето. Известен е Центарот за социјални грижи, кое го згрижи, откако му беше дадена неопходната лекарска помош. Истото дете не е прв пат како е донесено на детско одделение, со истите проблеми“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешката Болница.

Според достапни информации, детето живеело со таткото кој бил алкохоличар, откако мајката ги напуштила. Живееле во близина на Железниот мост.  Од Центарот за социјални работи, нема информација и покрај поставеното прашање, за случајот за десетгодишното дете, кое беше исфрлено на улица, гладно, босо и натепано. Дали и какви мерки презеле надлежните од Центарот, откако на истото дете, ова не му е прв пат да биде напуштено и малтретирано.  

Претходно МВР извести дека на 11-ти декември  во 19.30 часот од полициски службеници од СВР Велес го  лишиле од слобода Ф.Р.(44 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16 часот му нанел повреда на неговиот малолетен син.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »