речник контакт

Мамеле дека се измамени и го оштетиле Ветекс

Скопјанецот С.С. (62) и неговата фирмата ДПТУ „Анертекс“ се сомненичени дека сториле кривично дело „Лажно пријавување на кривично дело“ .

Петар Печков

Во септември 2005 година „Анертекс“ започнала соработка со фирмата „Ветекс“ АД Велес со склучување договор за лон-систем работа и по целосно завршување на договорената работа „Ветекс“ АД до фирмата „Анертекс“ доставила фактура во износ 3,17 милиони  денари. Поради ненаплатената фактура во 2008 година „Ветекс“ АД до Основен суд Скопје 2 поднела тужба . 

Од друга страна пак, во 2009 година фирмата „Анертекс“ поднела кривична пријава против правното лице „Ветекс„ АД Велес за сторено кривично дело „Фалсификување исправа“ , во која се наведува дека  17 испратници кои  „Ветекс“ ги доставил до „Анертекс“ се лажни, односно двете фирми никогаш немале меѓусебни деловни односи.  

Велешката полиција презела мерки за разрешување на случајот, при што констатирала  дека доставените испратници се валидни, односно, истите се потпишани од овластени лица од двете фирми и целата стока наведена во документите  била подигната од „Ветекс“ со возила сопственост на сега пријавената фирма. Со наведеното кривично дело С.С и неговата фирма  се стекнале со противправна имотна корист во износ од 51 684 евра.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »