речник контакт

Манаскова и Спасовски со награди на театарскиот фестивал во Пустец- Албанија

Велешкиот театар се престави со претставата „Орест“

Петар Печков

Во Пустец- Албанија заврши  15-то издание на фестивалот Македонско културно лето во Албанија.
Меѓу наградените се и двајца велешки актери.  

Жарко Спасовски за најдобар млад актер и Славица Манаскова наградата за најдобра млада актерка заедно со Жаклина Петровска Милјановска, во Анатомија на неверството од Театар Комедија. 

Спасовски и Манаскова беа дел од актерите во претставата за „Орест", на велешки театар.  

За најдобра претстава на фестивалот е прогласена „Кармен" на Драмски театар Скопје, а најдобра режија на Дејан Пројковски, за истата претстава.

Актерите од велешки театар и летово продолжуваат со настапи, по гостувањето во Пустец и на фестивалот Гола Месечина во Скопје,  велешките актери со преставата „Синиот портокал“ се во официјалната конкуренција на фестивалот „Актерот на Европа“.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »