речник контакт

Манифестацијата „Велешка пастрмајлија“

Изедени 350 пити и испиено 150 литри вино за два часа додека траеше питијадата.

Петар Печков

Ниту лошото време и дождот не беа пречка велешани масовно да присуствуваат на манифестацијата  „Велешка пастрмајлија“ па поради големиот интерес мораше да се активира и летната бавча од Офицерскиот дом каде таа се одржуваше.
\"\"

За два часа додека траеше настанот, се изедоа 350 пити и се испи 150 литри вино. Од нивната продажба се собраа 28 илјади денари кои се наменети како донација на четиримесечната Моника Петрушевска на која и се потребни за операција поради вродена срцева маана.  

Манифестацијата имаше и натпреварувачки карактер и од седумте учесници победник и пита мајстор стана ресторанот „Деспина“.

За добрата атмосфера на бројните гости со убавата староградска песна се погрижија „Распени Велешани“.\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »