речник контакт

Мартинките станаа светско духовно културно наследство

Oбичајот се практикува во Македонија, Бугарија, Романија и во Молдавија. Тие се запишаа како нематеријално културно наследство на човештвото на УНЕСКО

Петар Печков

Обичајот да се носат мартинки се впиша на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО.

Апликацијата е изгласана на 12. состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој од 6 до 9 декември се одржува на островот Џеџу во Јужна Кореја. 

Мартинките се мултинационална апликација, бидејќи обичајот се практикува во Бугарија, Романија и во Молдавија. Сите четири земји заеднички   го подготвија досието и конкурираа. 

Од Република Македонија, на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на УНЕСКО досега се најдоа: обичајот „Четрсе“ - прославувањето на Младенци во Штип, „Копачката“ - соборско оро од селото Драмче, Пијанец, и машкото двогласно пеење „Гласоечко“.

Охридско Езеро, пак, има двојна заштита од УНЕСКО како природно и културно наследство. Интересно е што кога се заштитувал Охрид како природно (во 1979) и како културно наследство (во 1980 година) биле земени предвид многу широки граници. Така, денес УНЕСКО не го штити само градското јадро туку и црквите, галеријата со икони и археолошките локалитети.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »