речник контакт

Маслодајна започна да извезува и во Црна Гора

Се освојува уште еден пазар на Балканот

Петар Печков

Велешката прехранбена индустрија Благој Ѓорев од неодамна е  присутна и на пазарот на Црна Гора. Преку тамошен дистрибутер, сите производи од палетата на  оваа фабрика се наоѓаат   пред потрошувачите од  оваa најмала Балканска република.

Извозот во Црна Гора се однесува на целокупниот наш асортиман, бидејќи се работи за пазар и потрошувачи со идентични вкусови и навики, како и нашите. Со дистрибуцијата е опфатена целата територија на оваа република – изјавија од Маслодајна.

 Така на тамошниот пазар освен маргаринот ,,кристал,, можат да се набават и  велешки локум, alва и останатите нивни производи. Од неодамна тие започна на пазарот  да го пласираат и нивниот нов производ  мелена сол.

Благој Ѓорев освен во Црна Гора извезува и в о БиХ, Албанија и Косово.

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »