речник контакт

Маслодајна ја пушти мрсната дамка во Вардар

Поради тежината на прекршокот, од трета категорија, сторителот ќе го гони Министереството за животна средина

Петар Печков

Мрсната дамка која пред два месеци се појави во реката Вардар кај Велес е од Маслодајна. Ова го покажале резултатите од испитувањето на потеклото на загадувањето кое ги вршеле надлежните институции. Бидејќи станува збор за најтежок прекршок, предметот ќе му се препушти на надлежното министерство.

Земавме три  примероци, од течението на реката по испусниот , пред испусниот канал од каде излезе мрснотијата,  но и од самиот канал. Резултатите покажаа недвосмислено дека таа мрсна дамка е од фабриката за масло ,,Благој Ѓорев,, . Бидејќи станува збор за најтежок прекршок од трета категорија за кого има највисока парична казна, предметот  ќе го препратиме до  Државниот инспекторат за животна средина, кој  ќе го проследат  за судска постапка.  Обезбедените докази ние ќе ги понудиме во процесот – вели Билјана Манаскова Шуркова  локален инспектор за екологија во општина Велес. 

Два месеци траеше  испитувањето на примероците од мрсната дамка која  се појави  на 17-ти февруари, недела во утринските часови. Ја забележаа рибари кои потоа ги алармираа надлежните инспекции.   Не беше регистриран помор на риба, но затоа имаше силна смрдеа и нечистотија по  реката Вардар,  во првите моменти мирисало и на киселина.  Мирисот бил на ќоспе, преработен изгорен сончоглед. Уште тогаш рибарите посочува дека можен сторител е Маслодајна, бидејќи само таа преработува таков материјал.  Подоцна се констатира  и преку докази дека е така.

Дамките истекуваа од индустрискиот канал во новиот дел на Велес, каде се приклучени неколку  индустриски капацитети, затоа имаше дилема кој е сторителот.  Ист ваков  еко - инцидент се случи и пред четири месеци, околу Нова година но тогаш остана без разрешница, сторителот е непознат и неказнет.

Сторителот мора да одговара за инцидентот. Профитот и неодговорното однесување не смеат да бидат над законите и  поминат неказнети. Тоа е пракса во сите земји на ЕУ каде се стремиме. Се надевам дека случајот нема да заскита низ судските ходници – рече Игор Смилев од ЕГ Зелена сила.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »