речник контакт

Маслодајна есенва откупи 7 илјади тони македонски сончоглед

Годинава имаше зголемен интерес за сеење на сончоглед поради сигурниот пласман но и зголемените субвенции

Петар Печков

Велешка Маслодајна  година откупи три пати повеќе сончоглед од домашното производство, споредено со минатата година. Ова е резултат на кампањата која минатата година и пролетва се водеше со земјоделците за враќањето на оваа култура по македонските полиња. Откупеното  количество  од оваа индустриска култура е најголема последните десетина  години, кога се бележеше континуирано опаѓање. 

Лани откупивме 2 300 тони, годинава со договорното производство имаме околу 7 илјади  тони сончоглед од домашно производство. Задоволни сме од откупот, заштедивме девизи за увоз, а не охрабрија и земјоделците со желбата да сеат и полека да го враќаме сончогледот на македонските ниви – изјави Горанчо Лазов, генерален директор на АД „Благој Ѓорев”.

Земјоделците се задоволни од соработката со откупувачот „Благој Ѓорев” за која велат дека била коректна и согласно договорот.

Годинава имавме зголемен интерес за сеење на сончоглед поради сигурниот пласман но и зголемените субвенции од страна на државата која ни излезе во пресрет на нашите барања. Уште малку повеќе да не послужеше времето, годинава ќе имавме рекордни приноси – вели Никола Петковски, претседател на Асоцијацијата на производители на сончоглед.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »