речник контакт

Маслодајна постави фотоволтаична централа, инвестиција вредна 250 илјади евра

Објектот нема негативно влијание врз населението,има намалување на емисијата на јаглерод диоксид

Петар Печков

Велешката фабрика за масло „Кристал“ постави фотоволтаци, кои се користат за нивни потреби. Изведба на за производство на електрична енергија од обновливи  извори на енергија,  е дел од програмата за работа на друштвото, со цел максимално користење, во конкретниот случај,  на сончевата енергија. Фотоволтаичните панели  се поставени на кровни површини во сопственост на ПИ Кристал 1923. Инвестицијата е во вредност од 250 илјади евра.

„Со оваа фотоволтаична централа, која е нова инвестиција на копманијата, постигнуваме заштита на човековата околина,  поддршка во ситуација на енергетска криза, задоволени потреби за електрична енергија на компанијата од 30 до 40 отсто, редукција на емисија на јаглерод диоксид во воздухот“ - изјави Олгица Стојанова  директор на производство.  Додава дека со оваа инвестиција компанијата ја потврдува нивната општествена одговорност.

При своето функционирање овој објект не создава цврст отпад, па заради  тоа и нема потреба од негово отстранување од локација.  Објектот согласно својата намена, нема никакво негативно влијание врз  населението и поради тоа загадувањето на животната средина е сведено на  минимум.

Производството на електрична  енергија од  ФВ модули, соларни ќелии, има позитивно влијание врз животната средина, а  нивната употреба индиректно ја намалува емисијата на стакленички гасови во  атмосферата.

„За да се одреди избегнатата емисија, се споредува со емисијата која би се создала доколку се користи јаглеродно гориво или природен гас за производството на електрична енергија еднакво на она што го произведува фотоволтаичната централа. Во овој случај, со изградбата на ваква  фотоволтаична централа, емисијата на јаглерод диоксид би се намалила за  391.229 кг на годишно ниво“- вели Стојанова.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »