речник контакт

Маслодајна со црни облаци над градот

Надлежните ќе истражуиваат зошто црн густ облак со чад периодично се испушта од Маслодајна

Петар Печков

Жителите на Велес кои живеат околу Железничката станица  реагираат на чадот кој излегува од оџакот на Маслодајна. Според нив еден месец ваквата појава е секојдневица и тие се жалат на густиот црн облак кој периодично се испушта и го ремети нивниот живот.


 Овој црн облак од оџакот се појавува на 10-тина минути. Од него тешко се дише во околината а црн гареж се таложи на нашите тераси, дворови. Алишта не може да  се прострат, поцрнуваат –велат велешани кои живеат во овој дел на градот, околу Маслодајна и во близина на Општината. Тие бараат надлежните  да проверат за што стануваа збор. Од локалната власт најавија дека случајот се испитува и наскоро ќе излезат со информација за црниот облак  кој го испушта Маслодајна.

 Фотографијата е од наш сограѓанин кој живее во близина на Спомен Костурницата, но и тие се заинтерсирани што тоа предизвукува ваква појава во индустрискито дел на градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »