речник контакт

Маслодајна ќе го откупи домашниот сончоглед по повисока цена

Благој Ѓорев нуди 250 евра за еден тон сончоглед, додека во моментов цената за еден тон сончоглед на светските берзи изнесува околу 210 евра

Петар Печков

Компанијата „Благој Ѓорев“ соопшти дека ќе им го откупи сончогледот на македонските земјоделци по повисока цена од онаа што се нуди на агроберзите. Конкретно предлогот на компанијата е 250 евра за еден тон сончоглед, додека во моментов цената за еден тон сончоглед на светските берзи изнесува околу 210 евра.

Како единствени откупувачи на сончогледот од македонските сончогледови полиња, ’Благој Ѓорев‘ се одлучи оваа година на македонските земјоделци да им понуди поголема откупна цена со која се надеваме ќе го стимулираме понатамошното одгледување и производство на оваа култура. Свесни сме за недостигот од домашното производство на сончоглед, па на овој начин сакавме да ги мотивираме и охрабриме нашите земјоделци да ги зголемат своите капацитети и следната година да излезат со поголемо производство на маслодајни семиња“, вели Горан Лазов, генерален директор на „Благој Ѓорев“.

Оваа информација доаѓа веднаш по поевтинувањето на маслото за јадење „кристал“ за 13 отсто. Односно од 78 денари сега може да се купи за 68 денари.

„Ова поевтинување е резултат на намалените цени на сончогледот и сировото сончогледово масло на светските берзи. Богатиот род на сончогледот во соседството, Бугарија, Србија, Романија, но и во Украина придонесе да се намали и цената по тон. Не може да се каже до кога ќе трае овој тренд, но во зависност од него ќе се формира и цената на македонскиот пазар“, вели Лазов.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »