речник контакт

Масовна сеча на чемпреси од шумата на ридот Св. Илија (фото)

За сечата алармираат рекреативци кои ја посетуваат шумата а се случила во периодот помеѓу Нова година и Василица

Петар Печков

Велешките рекреативци, кои слободното време го минуваат го околината на градот, алармираат за сеча на садници чемпрес, во околината на Велес, на ридот Св. Илија.  Според нивните сведочење исечени биле околу 30 стебла од тамошната шума и тоа во периодот помеѓу Нова година и Василица.

„Исечени се чемпреси, стари 40-тина години. Кога отидов до манастирот Св. Илија што да видам, вистински маскар. Дрвјата се исечени до корен, стеблата земени  а гранките оставени. Тоа е од манастирот во правец кон  месноста Рамина. За каква намена се искористени не можам да кажам, но ова е нешто страшно. Помнам дека шумата ја садеа многу генерации велешки ученици, за  сега некои наши сограѓани да ја уништуваат. Верувам дека се повеќе лица, оти оваа сам не може да се  направи, треба некој да сече, друг да носи, трет да транспортира“  - кажа еден од повеќето сведоци на исечените стебла чемпрес.   

Сите тие рекреативци, апелираат до шумската полиција, до Шумското стопанство Бабуна од Велес,  да преземат мерки за откривање на сторителите.

фотографиите се од неколку рекреативци, кои незвисно еден од друг и испратија до ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »