речник контакт

Масовно посветени вечните почивалиште на двете цркви во Велес

За Задушница најблиските ги посетија гробовите од нивните семејства

Петар Печков

Мноштво народ, верници уште рано утрово, беа на гробиштата од двете цркви во градот, како и на тие во Раштани. Сите тие оддава почит за задушница на нивните најблиски.   Жешкото време беше причина уште до 10  часот да замрат гужвите, сите го пазеа нивното здравје од високите температури.  

Задушница се деновите во кои според народните верувања душите на покојните предци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење (капење).

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците поврзани со Духовден се официјално признати од црквата па се прифатени и од народот.

Овие денови се посветени на душите на умрените, и затоа се оди на гробишта, се носи храна, а свештениците се молат за душите на покојните.

Се верува дека душите на покојните предци доаѓаат од оној свет кај своите најблиски, барајќи од нив храна, вода, но и за да ги видат.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »