речник контакт

Материјална помош за децата од социјално загрозени семејства

Фондацијата ,,Фокус,, заедно со игротеката ,,Том и Џери,, на велешките деца кои живеат во сиромашни услови им подарија облека и играчки.

Петар Печков

По повод вториот роденден на игротеката ,,Том и Џери,, се организираше забава на која можеа да учествуваат сите деца од градот, кои ќе дојдат и донесат нивна играчка или облека. По завршувањето на акцијата, донираните предмети беа обработени од Фондацијата ,,Фокус,, и доделени на децата од материјално загрозени семејства од Велес.

Тие биле одредени од Центарот за социјални грижи и поделени денес. На забата се продавале сокови и сендвичи, а од собраните финансиски средства купен е дидактички материјал кој е наменет за децата со посебни потреби од ОУ Васил Главинов и тој ќе им биде доделен во текот на утрешниот ден 3-ти декември.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »