речник контакт

Матеј Петрески е првото бебе крстено во новата црква

Матеј е прв заведен во црковната книга, а истовремено била крстена и Анастасија Јовановска

Петар Печков

Во неделата на 24 септевмри,   претпладне  во крштелница на новиот храм Св. Кирил и Методиј се изврши првото крштавање.

Истовремено беа крстени  две бебиња, или како што  свештениците  објаснија  во иста вода се изврши крштевањето.  

Но еден морал да биде прв заведен во книгата а тоа е Матеј  Петрески на  7 месечна возраст, син на  Пандорка  и Боби Петрески.   Кумови на  бебето беа Николина  и Валентин Велковски од Прилеп. Матеј е второ дете на Петрески, првото е исто така син, Филип на 10 годишна  возраст.  

Истовремено беше крстена Анастасија  Јовановска  и  ќерка на Ивана и   Мики  Јовановски. Нејзини кумови беа  Светлана и  Трајче  Илиевски.   Ивана  и Мики имаат  ќерка Анабела.

За крштавање во новата црква веќе има договорени термини за 30 бебиња.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »