речник контакт

Матичните доктори реагираат, не можат да се лекуваат сами себе

Забрана е воведена поради неправилности при препишувањето на лекови од страна на матичните доктори, сами на себе

Петар Печков

Матичните доктори не можат сами на себе да си препишат терапија за лекување, ниту да си издадат упати. Ова е новина кој била воведена со  промената во  електронската евиденција во здравството ,,МојТермин,,.  

Затоа приватните доктори побраа оваа за нива нелогичност да биде   исправена, бидејќи не можат да разберат зошто докторот   не  може сам на себе да си препише лек  или упат и недозволиво е друг доктор да   се грижи за  нивното здравје.     

Докторите некои  и со 30 и 35 години стаж сами на себе  си препишувале лекови или упат.  Ако докторот е стручен да лекува илјадници луѓе,  како е можно сам   на себе не  може да се лекува. За да добиеме лек мораме да се обратиме кај колегата лекар,  кој е наша замена. Како ова да се применува во руралните средини во тешко достапните подрачја, кои се  оддалечени далеку од центрите, каде е  само еден доктор. Проблем е кога овој доктор на земна е на годишен одмор, кој тогаш ќе ни препише лек, упат.  П Со оваа новина принудени сме во работно време да ги оставиме пациентите и сами да одиме на матичен доктор како пациенти за да ни препише лек или да ни даде упат за лабораторија.– прашува д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на  Здружението на приватни матични лекари на Македонија.

Лекарите бараат оваа забрана до ФЗО и Министерството за здравство таа да се тргне, бидејќи таа најмногу ќе им наштети на пациентите и за  нив ова одлука преставува деградација на нивниот авторите.  

 Од Управат за електронско здравство објаснуваат дека оваа забрана е воведена поради неправилности кои тие ги утврдиле при препишувањето на лекови од страна на матичните доктори, сами на себе.    Контролата покажала дека одредени матични доктори без потреба препишувале   лекови или упати са специјалист  за себе или свои блиски, и на тој начин доаѓале до целосната бројка за капитација за сите пациенти.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »