речник контакт

Матичните лекари реагираат за казните од ФЗО од 2018-та и 2019-та

Од ФЗО објаснуваат, дека почитувањето на одредбите од договорот кои што своеволно го имаат потпишано е обврска на ПЗУ

Петар Печков

Казните кои минатиот месец стигнале на адреса до матичните лекари, предизвикаа нивна реакција. Тие се однесуваат за неправилности во 2018-та и 2019-та  година,  а биле изречени од Фондот за здравство и тоа во време на мораториум. За ова на прес конференција реагираше претседателката д-р Лили Чолаков Дервишова.

„Казните се за погрешна терапија, нешто што порано било за опомена, сега се изречени парични казни. Казнет е колега кој препишал лек препорачан од интернист,  оти во месото немало уролог. Разочарани сме од овој однос и затоа сметаме дека е време да се  отворат повеќе фондови, ФЗО да нема монополски однос.  Бидејќи не сме опфатени со ниту еден пакет мерки на Владата, време е капитациониот бод да биде 90 денари“ - рече д-р  Лили Чолакова Дервишова. Казните биле во висина од 15 до 25 илјади денари.

Во писмената реакција на Фондот за здравство,  пишува  дека  излегле во  пресрет и го прифатиле барањето на Лекарската  комора и Здружението на приватни лекари,  да се стави мораториум, мирување за изрекување на договорни казни во период од 1.1.2019 до 30.6.2019 година. Додаваат  како што исплатата на месечниот надомест  -капитацијата  е обврска на Фондот кон ПЗУ, така и обврска на секоја приватна здравствена установа е почитувањето на одредбите од договорот кои што своеволно го имаат потпишано .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »