речник контакт

Матично во Ликовен салон не бива, им порача на Советниците, директорот на Народен музеј, Ангел Коруновски

Секаде во светот браковите се склопуваат во зградата на општината или во друг наменски општински објект, никаде во Ликовен салон

Петар Печков

Венчална сала во Ликовен салон не бива. Ова им го порача Ангел Коруновски, директор на велешкиот Народен музеј на членовите на Советот. Дваесетина години најсвечениот момент за младите брачни парови од Велес и велешко, се случува во просторија каде се поставени ликовни експонати, слики, склулптури. Директорот побара од членовите  на Советот на Општина Велес, да  овозможат Ликовниот салон да биде место за уметност.

„Ликовниот салон не е дел од Народниот музеј. Даден е на користење, во период кога музејот имал 20 и повеќе вработени. Тоа со задача да се знае кој кога и како ќе го користи. Ликовниот салон повеќе личи да го работи Центар за култура, кој ние го немаме. Колегите од Музејот претходно ја прифатиле одговорноста да раководат со него, но не можеме да интервенираме ако нешто се расипе, скрши.  Јас како уметник се срамам Ликовен салон да биде матично. Никаде во светот тоа го нема, единствено во Велес. Фали уште оро да се заврти во него. За да донесеме реномиран македонски уметник, треба да исполниме  повеќе услови, а не исполнуваме ниту еден, но со разбирање на авторите ги поставуваме делата. Секаде во светот браковите се склопуваат во зградата на општината или во општински објект, никаде  во Ликовен салон“ – кажа Коруновски кој е адакемски вајар и скулптор.   

Во Ликовниот салон за потребите на промоции имаше и уште има, клавир некогаш беа и  два. Но често се бараше помош од клавир штимерот од музичкото училиште „Стефан Гајдов“, оти гостите на венчавките знаеле да засвират по инструментот и тој често беше расштиман. Згора на тоа не може да се донесе и значајна ликовна изложба во просторијата, оти нема безбедност дека делата нема да бидат оштетени од љубопитните сватови. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »