речник контакт

Матурантите да не возат на матурската вечер

Младите возачи, иако се матуранти, не смеат да управуваат моторно возило по 22 часот, без присуство на возрасен возач во возилото, а толеранцијата за алкохол кај нив е нула

Петар Печков

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во пресрет на матурските прослави предупредува дека матурант зад волан на матурската вечер е незаконска постапка и апелира матурантите да не возат на матурска вечер.

Под слоганот „Не си фраер ако загинеш на матура“, РСБСП до крајот на месецов  ја спроведува традиционалната кампања за поголема безбедност во сообраќајот на матурантите во тек на прославите. Се  делат  50.000 летоци со едукативна содржина, а преку медиумите ќе се укажува за ризиците од возење автомобил на матурската вечер,
„едноставна цел на оваа акција е матурантите да не возат на матурската вечер.

Младите возачи, ако се матуранти, не смеат да управуваат моторно возило по 22 часот, без присуство на возрасен возач во возилото, а толеранцијата за алкохол кај нив е нула. Не смеат да имаат ниту капка алкохол во себе при управување со возило. Сето ова покажува дека матурант на матурска вечер зад волан е незаконска постапка“.

Надлежните  апелираше матурантите да не се доведуваат во опасност себе и другите и да не возат, а родителите да не им даваат возила. „Доколку имаат услови и сакаат да направат нешто посебно за своето дете, нека го одвезат на матура или нека го испратат со такси или лимузина, но да не му даваат да вози“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »