речник контакт

Матурата ја прослави освојувајќи го Елбрус и со едно замрзнато стопало

Деветнаесет годишниот велешанец Тоше Велев беше дел од македонската експедиција која деновиве го освои Елбрус, највисокиот врв на Европа

Петар Печков

Деветнаесет  годишниот велешанец Тоше Велев беше дел од македонската експедиција која деновиве го освои Елбрус, највисокиот врв на Европа.  Тој беше најмладиот член на 42 члена експедиција од која  тринаесет члена беа Македонци. Екипата која една седмица се искачуваше  по планината  Кавказ,    по камениот и карпест дел на овој заспан вулкан. 

Тие минале  шест илјади  километри пат од Македонија до Русија, преку   Бугарија, Турција и Грузија за да  стигнат на точката од која се гледа кон три држави Русија, Турција и Грузија, кон Црното море и Каспиското езеро.

Ова е повеќе фигуративно единствено е сигурно дека од Елбрус  на дланка се два континенти Европа и Азија.  Од него се гледаат многу врвови и многу облаци, тоа е глетката која  ја даваат сите планински врвови. Чувството е единствено, прекрасно, убаво, не може да се раскаже и долови – вели младиот Тоше Велев.

Тој има 19 години, пред еден месец матурираше и за разлика од неговите врсници кои имаат планови летото да го минат во бреговите на море или езеро, тој се одлучи  на активно планинарење, искачување по далечниот Кавказ. Од почетокот на месецов престојуваа на планината, некогашен активен вулкан, сега  потенцијален со височина од 5.642 метри. Но за да се стигне до него мора да се мине и блиску до врв само малку понизок од Елбрус, Источниот со 5.621м.

Искачувањето и освојувањето на врвот  траеше четири дена, почна од  селото Чегет  на  два илјади метри надморска височина. Последниот финален дел беше од логор на четири илјади метри надморска височина. Беше напорно, моравме да се аклиматизираме, воздухот беше редот, тешко се дише, секој чекор е тежок, нозете како со олово. Идентично како и на другите планини и височини.  Елбрус започнавме да го освојуваме на шести јули по полноќ. Тогаш тргавме а стигнавме на врвот во 9,30 часот, имаше силен ветер но задоволството кога го развеав македонското знаме таму горе беше  величествено  – објаснува Тоше. 

За да го освојат врвот морале д а  минат многу глечери повеќето од 22 кои ги има на Кавказ. Се искачувале  на терен кој е со нагиб од 45 степени. Но задоволството од погледот од највисокиот врв на Европа, го заматила повредата на  прстите на левата нога на Велев. Таа поради неквалитетните чевли му замрзнала. Сега кога стигна оди на лекарска терапија секојдневно.

Утрото пред целта започна да ми студи левото стапало, се повеќе и повеќе, мислев дека  е од ладното и со изгрејсонцето ќе биде подобро. Но не беше така а не сакав пред целта пред врвот да се откажам. И покрај проблемите успеав се искачив, на си дозволив да дојдам до подножјето, да го видам а де не го освојам Елбрус. Докторите во Велес велат дека со терапија стапалото ќе му се врати функцијата – оптимистички најавува Тоше и се заблагодарува на  општината Гази Баба која финансиски му помогнала во ова негово искачување.

И ја најавува својата следна  цел тоа е врвот Ленин висок 7100м  во Киргистан. Во ова негово хоби  му помогна вујко ми Виктор Антовски. За три години како што е планинар, секој месец освојува по еден врв. Може да се пофали дека ги има освоени, Мусала ( 2925 м)  на Рила,  Митикас ( 2918м) на Олимп и Вихренд ( 2912м) , тоа се трите највисоки врвови на Балканот. Во 2011-тата  со седуманесет години го освои и Мон Блан ( 4807), попатно искачувајќи се на Триглав (2864м) во Словенија, потоа во Италија  Гран Парадизо ( 4061м).
 
 Паѓањето на ,,железната завеса,, во Европа ги помести и географските вредности. Ако до 90-тите години на минатиот век најдолга река во Европа беше Дунав, сега е Волга со 3,7 илјади км. Највисок врв е Елбрус 5642 м на Кавказ, наместо Монт Блан а и географскиот центар од близината на Париз се дислоцира во близината на Вилнус – Литванија.

  Македонскиот дел од 12 члената  експедицијата која  деновиве го освои Елбрус  во која беше и Велев, се состоеше од: Ивана Николова, Илинка Ристевска, Горан Вуќиќ, Мишко Танески, Петар Ивановски, Влатко Крбалески, Александар Митев, Виктор Антовски, Дејан Атанасов, Душко Христов и Виктор Симовски.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »