речник контакт

Матурска парада со скромен број учесници

Велешките матуранти во петокот на пладне во Младинскиот парк учествуваа во Матурска парада 2010 , заедно со матурантите од Скопје, Куманово, Кавадарци и од Струга.Зачудувачки слаб беше годинашниот одѕив со само 16 учесници кои вака решија да го помнат полнолетството

Петар Печков

 Тие танцуваа на   „квадрил“ со што со истовремен  им се  придружија  на нивните врсници од Албанија, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.

Зачудувачки слаб беше годинашниот одѕив со само 16 учесници во Велес, наспроти стотината минатата година и пред тоа. Учениците велат дека причина за тоа е што оваа седмица се одржувале матурските вечери, па матурантите биле уморни. Но затоа честитки за 16-те матуранти кои сепак решија вака да го помнат полнолетството.

„Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“, и се игра во четири слики Панталон, Ете, Пасторел, Финале и трае осум минути.

Манифестацијата е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц-школа „Уршка“. Покрај забава и новина во одбележувањето на матурата, таа е и Гинисов рекорд во синхронизирано танцување.  Бројот на танчери се зголемува секоја година.

Организатори на Матурската парада во Македонија се Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и „Ритам плус“. Генерален покровител е општина Велес. Манифестацијата е поддржана и од Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ, АМСМ, Секјуриком, Мек Доналдс и Македонското радио

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »