речник контакт

Матурски фустан кој ја разбранува јавноста во Црна Гора

Вања Љубојевиќ од Тиват прошетала со фустан од весници на кој бил закачен бројот за донации за поплавените од Србија и БиХ

Петар Печков

За време на матурското дефиле во Тиват, матурантката Вања Љубојевиќ, ги воодушевила сите со необичната креација на нејзиниот матурски фустан. Ова може да послужи за пример како се води сметка за оние околу нас и да не се заборават оние кои најмногу страдаат.

Со овој гест сакав да го привлечам вниманието на локалната заедница и имав голем број на причини за тоа. Не сакав ниту очекував од сето ова голем публицитет. Ова бев само јас, но јас сум дефинитивно пријатно изненадена и среќна што луѓето од целиот Балкан ми дадоа поддршка.

1.Сакав да го привлечам вниманието на девојките и нивните родители кои трошат стотици евра на матурски фустани

2. Не сакав да ги изложувам моите родители на трошок

3. Во мојот град на матурското дефиле се појавуваат огромен број луѓе меѓу кои повеќето роднини на матурантите, а останатите не се дојдени за матурантите туку за фустаните, да видат кој што носи, каков бренд и колку чини. Така што, овој фустан претставува и некој вид протест на таквиот менталитет.

4. Овој фустан ја претставува мојата личност. Сакав нешто креативно и во мој стил, нешто што може да го разберат луѓето кои ме познаваат

5. А тогаш се случи и  целата ситуација со поплавите во Србија и Босна, па сакав да направам нешто повеќе од едно испраќање порака и волонтирање во градот. Тогаш се сетив: А зошто да не го залепам бројот за донации кога веќе толку многу луѓе не гледаат и со тоа би го подигнала моралот и свеста не едно повисоко ниво".

Тоа и се случи, не сакав да се откажам од оваа идеја без оглед на тоа што добив присојно убав фустан од мојата баба. Го носев вечерта во хотелот по повод свечената прослава, каде меѓу другите беа и родителите на матурантите кои навистина се таму за нас, а не за фустаните“.напиша Вања на нејзиниот Фејсбук профил.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »