речник контакт

Машиновозачите во штрајк, возовите од попладнево не сообраќаат

Не била исплатена втората половина од февруарската плата, како и исплатата на надоместоци за ноќна работа на кондуктерите

Петар Печков

Машиновозачите во штрајк, од попладнево, петок,  во прекин железничкиот сообраќај и патничкиот и товарниот. Бидејќи не им била исплатена втората половина од февруарската плата , како и исплата на надоместоци за ноќна работа на кондуктерите, машинскиот персонал на МЖ Транспорт од попладнево започна со штрајк.

„Бојкотот ќе трае се до исполнување на барањата. И да пуштат плата денес, бојкотот ќе продолжи додека не бидат исполнети сите барања“, вели  Тони Димовски, претседател на машиновозачите и претставник на машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт.

Последен патнички воз кој  возеше беше пладневниот од 13,20 ч. кој тргнува од Скопје до Велес.

Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што во февруари  испратиле барање до Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии и до Владата. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти.

Патничкиот железнички сообраќај во Македонија е во лоша состојба. Од неодамна возовите  на релација Скопје- Велес возат со 20 км/ч и ја минуваат за два часа, наместо за еден. Патнички возови кон Кичево и Кочани нема без малку две години. Мал е бројот и на патнички возови но и на локомотиви. Како резултат на тоа опаѓа бројот на патници кои ја користат услугата на железницата како превоз.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »