речник контакт

Машиновозачот на патничкиот воз осомничен за железничката несреќа кај Рајко

Полицијата му поднесе кривична пријава а на работа добил отказ

Петар Печков

Скопјанецот  Р.А. ( 50 год) полицијата го осомничи дека е виновен за железничката сообраќајна несреќа  која се случи на станицата Рајко Жинзифов. СВР Велес против него поднесе кривична пријава дека сторил  „загрозување на безбедноста на сообраќајот „ 

На ден 15 минатата  година во 17,39 час на железничката станица „Рајко Жинзифов„ дојде  до железничка несреќа која е сторена  откако  пријавениот Р.А.  управувајќи патнички воз, не  се придржувал кон прописите за безбедност на железничкиот сообраќај. Истрагата покажала дека  тој  минал на излезниот сигнал иако истиот покажувал сигнален знак „стој“  по што  удрил со товарен воз кој се движел во истиот правец.

Од ударот дошло до испаѓање од шините на една локомотива и три вагона и полесно се повредени две лица. Со ова машиновозачот предизвикал опасност за животот на луѓето или за имотот од значителен обем .Поради ова патничкиот  железнички сообраќај  од Скопје кон Гевгелија, Битола, Кочани и товарниот од и кон Грција и Србија беше во прекин 24 часа. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »